Промовиран 26 број на списанието „Велес“

Петар Печков

Промовирано е новото издание на списанието Велес, кое излегува еднаш годишно. Списанието пишува за Велес  и велешани, роднокрајни теми а автори потписници може да бидат од секој кој работи и пишува за градот.

„Радува фактот што го имаме новиот број на списанието, од причина што зборот, говорот, мислата, ќе отпатуваат, ќе ги снема, ќе ги заборави времето. Затоа печатениот, пишаниот збор, е вечна трага која сведочи низ вековите за традицијата, за континуитетот на еден народ, држава, на една култура, една цивилизација. Во овој број помеѓу сите текстови е и еден на истакнатиот македонист Горан Калоѓера, кој пишува за интелектуалецот Рацин.  Од духовната кутлурна ризница е текстот за 100 години Велешки поштенски картички на Виктор Габер и Зоран Стрезовски, и податокот дека пред век и повеќе во Велес имало десетина  издавачи, тоа се интелектуалци од 19 век, кој гледале во иднината, создавале вредности на кој денес се гордееме“ – кажа промоторот д-р Васил Тоциновски.

Ова списание се занимава со историјата, традицијата и континуитетот на велешкото духовно и материјално живеење. Неговото издавање го покренаа пред 26 години академик д-р  Александар Спасов и  историчарот д-р Вера Весковиќ Вангели. Списанието го издава Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Промоцијата беше во родната куќа на Рацин и дел од содржините на 62 Рацинови средби. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати