Ќе се истражува како дојде до сообраќајката близу Мамутчево

Петар Печков

Полицијата и Основното јавно обвинителство од Свети Николе излегоа во јавноста со информации за понеделничката сообраќајка, кога камион удри  во автобус, кој превезувал работници. Во двете информации различен е бројот на повредени. 

Понеделникот на 23.07.2018 година околу 13,30 часот на магистралниот пат Велес- Штип, кај село Мамутчево, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со штипски регистарски таблици управуван од Б.А. (54 год) од Велес и товарно моторно возило „Сканија“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Ј. (31 год) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 21 патник (од автобусот), а сообраќајот бил во прекин од 13,40 до 15,10 часот - пишува во информацијата на МВР.

Сообраќајната несреќа се случи на 23 јули, во 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, помеѓу автобус во сопственост на фирмата Кит Го  од Штип управуван од возач од Велес роден 1964 година  и  камион ТМВ влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, управуван од жител на Скопје, роден во 1987 година. Во несреќата се лесно и тешко повредени 22 патници од автобусот. Возачот на камионот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е испратен од болницата во Велес во Скопските клиники. Издадена е и наредба за проверка на присуство на алкохол во крвта на двајцата возачи пишува во соопштението на  ОЈО Свети Николе.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека вчера попладнето и осумте здржани патници од сообраќајка се пуштени дома, откако претходно амбулантно биле третирани и 12 други патници. 

На социјалните мрежи патничките од автобусот со благодарност до возачот на автобусот Б.А. кој  успал да го избегне директниот судир со камионот  кој возел директно во нив. Истото во изјава за ТрМр го кажа и сведок кој рече дека камионот ладилник возел лево десно, без контрола по патот и преминал на левата коловозна летна и удрил од страна во автобусот полн со работници кои оделе за Штип.  

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати