Ќе се реконструира пругата од Скопје до Зелениково, во наредните шест месеци само пет воза од и за Скопје

Петар Печков

Железници на Северна Македонија Транспорт АД-Скопје информира дека повеќе возови ќе бидат укинати во периодот од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година. Причината за ваквата одлука е реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково. Во пракса тоа значи дека нема да има патнички железнички сообраќај на делницата од Скопје до Гевгелија и од Скопје за Битола  од 7,30  до 16,30. ч. 

Делницата која се реконструира Скопје – Зелениково, ја минат возовите и за Гевгелија и за Битола и за Велес. Во овој период од 7,30 до 16,30ч. имаше интензивен товарен железнички сообраќај, кој пренесуваше стока до Солунското пристаниште за Будимпешта. И тој во овој период  од 9 часови и товарниот железнички сообраќај нема нема да се одвива. 

Укинати се локалниот воз кој сообраќаше од Скопје за Велес во 8:00 и во 13:20 и од Велес за Скопје во 12:10 и  14:24ч.  Укинат е и патничкиот воз од Скопје за Битола во 14:30 ч и од Жабени во  11:15 кој од   Битола тргнуваше  во 12:46 за Скопје.  Овие возови од  и за Битола низ Велес поминуваа во 15:25 за Скопје и 15,24  за Битола. 

Со ова останува да сообраќаат два патнички воза од Скопје за Гевгелија и два до Гевгелија за Скопје, два од Скопје за Битола и два од Битола за Скопје и по еден  од Велес за Скопје  и еден обратно.   Или железничкиот патнички сообраќај ќе го одржуваат  пет пара патнички воза.  Плус тие за Куманово. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати