Петар Печков
Објавено: петок, 22 ноември 2024
Членот на Советот Димитар Абрашев, на седница на Совет, го праша градоначалникот што планира да преземе со концесионерот на Градскиот базен, кој според неговите информации две години не ја платил киријата. Истата му биле потврдена, од општинските служби, по поставено прашање од јавен карактер.
„Според документтие кои ги побарвме од општинската администрација, и ги добивме, закупецот на Градскиот базен две години нема платено наемнина за користење. Во договорот во член 11 ги пишува условите спроед кои тој може да се раскине. Меѓу нив е и дека доколку не се почитува рокот за плаќање на закупнината или нема платено две рати последователно, договорот се раскинува. Ова го зборувам за навремено да се распише договорот, за да има време да се распише нов и до година тој да биде активен, да работи“ – рече Абрашев.
„Ако е така, како што велите, договорот ќе биде раскинат. Ќе проверам со службите, немам информација дали е платено или не“ – одговори градоначалникот Колев.