Автомобил излетал кај мостот на Црна, возачот со тешка телесна повреда

Петар Печков

Вчера, среда наутро, автомобил излетал од патот близу мостот на Црна кај Стоби, возачот се здобил со тешка телесна повреда. По третманот во велешка болница пуштен е дома.  Деталите од информацијата на велешката полиција и велешката болница.

„На 17 декември околу 07:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на река Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки  регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портапрола ан СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес.

„Примене е пациент кај кого по извршени рендтген снимања е констатирано  исчашување на рамо, санирана повредата и пуштен на домашно лекување“ – кажа д-р Ванчо Грамартво, портпарол на Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати