Автомобил се преврте на лизгавиот коловоз, двете лица минале со лесни повреди

Петар Печков

На делницата Велес - Штип, над месноста викана Ѓубриште, попладнево околу 15,15ч. се случила сообраќајка. Излетал автомобил, заради лизгавост и мразот на патот.Автомобилот се превртел на коловозот.  Двајцата патници, сопружници од Бузлаково патувале во правец на Велес. 

Се случила сообраќајна незгода во која учествува  едно возило во кое се повредени двајца патници од Бузалково. Истите  се здобиле со телесни повреди. На лице место била лекарска екипа предводена од д-р Јадранка Мишкова, дадена им е потребната здравствена нега. Заради понатамошни испитувања истите се префрлени на хируршко одделение - рече д-р Василка Пановска, портпарол на Здравен дом Велес. 

Во 15,30 ч. на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа  Болница  Велес од страна на Итната Медицинска Помош   донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст.Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди,при што се задржани за опсервација на истиот оддел - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати