Акција за возрасната категорија граѓани, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта

Петар Печков

Во рамките на „Неделата за грижа на стари лица“, Општинската организација на Црвен крст Велес  реализираше акција на  бесплатни превентивни лекарски прегледи,  наменети за повозрасната категорија  сограѓани. 

„Тим составен од лекар и волонтери од клубот на млади вршеше мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, придружено со корисни совети за превенција и грижа за здравјето.

Прегледите се реализираа во просториите на Здружението на пензионери во Велес, кои обезбедија поддршка и навремено информирање на членовите“ – соопштија од велешки Црвен крст.

Дополнително, волонтерите ги посетија и дел од пензионерите станари во Пензионерскиот дом., подарувајќи им сокови и време за разговор – мал гест што носи големо значење во поттикнувањето на солидарноста и грижата кон највозрасните членови на заедницата.
 
Фото:  Општинската организација на Црвен крст Велес  

Поврзани »

Вардар надоаѓа во Велес

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати