Петар Печков
Објавено: петок, 31 октомври 2025
Марко Колев го доби уверението од Општинската изборна комисија за нов мандат 2025-2029 година, како градоначлник на Општина Велес. Тој како кандидат за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг на локалните избори со надмоќна победа од скоро 11 илјади гласа и освоени 73,34% од излезените 42% запишани гласачи на 19 октомври.
„Им се заблагодарувам на граѓаните кои ми дадоа таква висока доверба, на Општинската изборна комисија и граѓаните за спроведените избори без проблем. Оваа победа со 11 илјади гласови разлика е голема чест, одговорност и обврска, да се испорача ветеното. Очекувам соработка со сите советнички групи, за да ги решиме проблемите на граѓаните. Треба да ја завршиме подземната гаража во центарот на градот со плоштад, за што има обезбедено средства. Изградба на кеј на Вардар, да создадеме парк шума во населба Керамидна, да го реконстуираме Градскиот парк, да се реконструира Спортската сала Гемиџии. Со помош на централната власт да се започне и изгради нов мост на Вардар кај Башино село, да се изгради обиколница околу Велес, еколошка обнова на езеро Младост, старото кино да се преуреди во Дом на култура. Да се подобри хигиената и чистотата на градот. Јас останувам истиот Марко Колев, достапен за сите“ – порача Колев на почетокот од неговиот втор мандат.
Тој кажа дека не добил честитки од противкандидатките Маја Хеско и Мирјана Деловска.
„Не добив честики, ниту од противкандидатките на годинашниве локални избори, ниту пред четири години од Коциќ“ – рече Колев.
Беа врачени и уверенијата за 23 членови на Советот на Општина Велес, каде апсолутно мнозинство има коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 16 мандати и 54,56%, по три на Левица 13,6% и коалицијата на СДСМ 13% и еден на ЗНАМ со 4,9% освоени гласови. Излееноста беше 42%
Во Советот доминација на жени -14 наспроти девет мажи. а
Членови се: 
1. ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИ 
2. ЛИЛИЈА ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВА 
3. ВЕСНА АТАНАСОВСКА 
4. НАДА ЈОВАНОВА 
5. ЖАРКО МАНАСКОВ 
6. ЕЛИЗАБЕТА МИТРЕВСКА-АНЃЕЛЕСКА 
7. АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВСКИ 
8. МАЈА ДЕМЕРЏИЕВА 
9. ИЗАБЕЛА АПЦЕВА 
10. ИГОР СТОЈАНОВ
11. СЕЛМА АМЕДОСКА
12. СЛОБОДАН НИКОВ 
13. ИВОНА ЈОВИЌ 
14. МАРТИНА СТАМЕНКОВА 
15. ВАСКО ГЕТОВ 
16. БЛАГОЈКА НАУНОВА  сите 16 од Коалицијата на  ВМРО - ДПМНЕ
17. ЈОВАНЧЕ МАНАСКОВ
18. МИРЈАНА ПЕТРУШЕВСКА САВОВА 
19. ДРАГАН СТОЈАНОВ сите   тројца од  коалицијата на  СДСМ
20. ДИМЧЕ АЦКОВ 
21. ЗВЕЗДАНКА ПЕШИЌ 
22. АНЕТА СТАЈИЌ  сите тројца од  политичката партија ЛЕВИЦА
23. МИЛКА ПАНОВА  од движењето ЗНАМ
 
                                     
                                     
			
		 
			 
			
