Општина Чашка доби градоначалник Албанец, објави ДУИ

Петар Печков

Суат Шаќиров, кандидат на ДУИ е градоначалник на Опшпина Чашка. Ова го објавија од ДУИ, чиј кадар беше за овие локални избори. Во Горно и Долно Јаболчиште, каде живее околу пет илјади албанско население  се слави.

„Во Општина Чашка имаме историски резултат, за прв пат оваа општина ќе биде предводена од кандидат на Националната алијанса за интеграција“ – кажа    Арбер Адеми од ДУИ.

Суат Шаќиров беше организациски директор на Килниката за пулмологија во време на владеењето на коалицијата СДСМ - ДУИ. 

Во Општина Чашка имаше тројца кандидати за градоначалник Горан Стојановски од СДСМ и Дејан  Андоновски од ВМРО- ДПМНЕ. Наспроти декларативната спротивставеност на албанските партии, ВЛЕН не  номира нивен кандидат за градоначалник на Чашка ниту имаше листа за членови на Совет.

Таму досега функционираше во пракса коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, градоначалник беше Горан Стојановски и претседател на Совет Трајко Мишковски. 
Во Општина Чашка има 6.141 запишан гласач а во општината според пописот од 2021 година има 7.942 жители, од нив Албанци се 4.032. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати