Петар Печков
Објавено: недела, 19 октомври 2025
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначлник на Велес, Марко Колев, прогласи победа на локалните избори. Тој со тоа го доби вториот мандат.
„Да им се заблагодарам на граѓаните на Општина Велес, на демократски процес изелгоа и ја дадоа поддршката за мене. Прогласувам победа во првиот круг. Обновата на Велес продолжува со иcто темпо. Во програмaта за наредните четири години имам 200 проекти, за 60 има обезбедено финансиски средства. Се што работевме до сега, во продолжение ќе го работиме позасилено“ – кажа Колев.
Убедлива победа со мнозинство во Советот најави носителот на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Даниел Јаневски. Тој смета дека ќе имаат 14 советници.
„Благодарност до граѓаните што дадоа толаква поддршка за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме апсолутно мнозинство. Градоначалникот ќе има сигурно мнозинство во Советот, ќе продолжием со проектите што ги реализиравме и ќе ги реализираме. Овие резултати ни даваат дополнителен мотив и сила, тоа значи граѓаните ја препознаа нашата работа. Продолжуваме засилено“ – рече Јаневски.