Албанските партии од Општина Чашка со заедничка листа на советници

Петар Печков

Коалицијата „Сите заедно“ ги обедини албански партии од власта и од опозицијата и тие заеднички ќе настапат со листа за членови на Совет, за општина Чашка.

На листата која ОИК треба да ја потврди наредните денови, се 11 имиња од албанските партии ДУИ, Алтернатива и Алијансата за Албанците.

„Малку повеќе време требаше да се договориме, но успеавме. На листата се кандидати за советници, жители од сите села од општината каде живее албанско население Горно и Долно Јаболчиште, Мелница и Горно Врановци. Договорена ни е и соработка со  сите партии, бидејќи и ДПА е во оваа коалиција,  и да го поддржат нашиот кандидат Суат Шаќири  за градоначалник“ - кажа Рамадан Амзов претседател на огранокот на ДУИ за општина Чашка.

„Договоривме соработка. Сакавме таа да биде поширока, понудивме на жители од Чашка, Турци, Македонци, да бидат дел од оваа листа, но тие не прифатија,. Жалиме за ваквата нивна одлука. Но ќе работиме во интерес на сите жители на општината. Договорено како партија е да го поддржиме и кандидатот на ДУИ  Шаќири за градоначалник на општината“ - кажа Халид Фератов, претседател на Алијансата за Албанците за Чашка.

Од движењето „Беса“ кажаа дека тие немаат огранок во Општина Чашка и затоа нема да имаат претставник на оваа заедничка листа.

Според ОИК за кандидати за градоначалник на Општина Чашка се пријавиле тројца, освен Шаќири и Зоран Здравевски од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Стојановски од СДСМ актуелниот градоначалник на општината, додека има пет листи за советници, освен коалициите  на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ  и „Сите заедно“, кандидатури поднеле и од ВМРО-НП и од  „Единствена Македонија“. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати