Андоновски и Јазбец добитниците на Рациновото и Почесното Рациново признание, засадија садници во шумата на Рацин

Петар Печков

Со засадување на  млади садници во шумата на Рацин, добитниците на Рациновото признание -Венко Андоновски и Почесното Рациново признание словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, му оддадоа почит на поетот и револуционер Коста Солев.  Спомен шумата се наоѓа на локација на Спомен Костурницата и од 2014-та година, лауреатите со засадување садници оставаат вечен траг за нивното наградување.  

Би сакал животот на ова дрво да ги надомести животите на сите што ги дадоа, сонувајќи некаков подобар свет, како што беше светот на Рацин - рече Андоновски. Тој ,,Рациновото признание,,  го добива за романот „Припитомување на кучката – раскази за лудилото“. Андоновски по втор пат е добитник, прв пат во 1993-та за ,,Фрески и гротески,,.  Годинава жирито во образложението за наградата напиша ,, Збирката е ремек дело во современата македонска книжевност. Во неа има и топлина и пародија. Андоновски уште еднаш преку исечоците од животите на своите обични ликови ја слика паланечката култура и свест,,. Садница на туи, засади и добитникот на Почесното Рациново признание, кое се доделува за ширењето на македонската култура и јазик во светот. 

Мојата мајка преживеа четири години , интернирана од Словенија во Германија во предградие на Дрезден на 10 годишна возраст, во Втората Светска војна. Почина лани во јануари, го преживеа бомбардирањето на Дрезден. Ова дрво нека биде спомен на сите кои починале ,во таа војна, како што го споменуваме големиот интелектуалец, човек  и поет Рацин - кажа Јазбец. Тој е амбасадор на Словенија во земјава, и професор на универзитет. Има преведувано македонски автори на словенечки и обратно.   Нив наградите ќе им бидат врачени вечерва, на затворањето на манифестацијата, која годинава е 56-та по ред.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати