Андријана Косовац добитник на Гран при на музичкиот фестивал на класична музика ,,Арт-ин,, Велeс 2019

Петар Печков

Андријана Косовац е добитник на Гран при на музичкиот фестивал на класична музика ,,Арт-ин,, кој викендов се одржа во Велес. Наградата проф. Томислав Димов пак ја доби велешанецот Васил Богоевски. И двајцата  свиреа на виолина. Меѓународниот натпревар на класична музика ,,Арт  ин Велес,, 2019 собра стотина учесници од државите во регионот, од Хрватска, БиХ, Србија и Македонија. Тие се натпреваруваа на повеќе инструменти - виолина, виолончело, хармоника, пијано, класична гитара, кларинет, труба,  во соло пеење. 

Оваа награда е голем потстрек во мојот живот, во тоа што сум одлучила да се бавам, со музиката. Реално наградата е само хартија а многу поважно ми беше како се чувствував додека настапував а во тоа успеав, пријатно ми беше на сцената - рече Косовац, која е ученик во средното музичко училиште во Ниш- Србија. Таа настапи со дела од Сибелиус и Кабалевски. 

Од минатата година натпреварот,,Арт -ин,, доделува уште една награда, по починатиот проф. Томислав Димов, која годинава замина кај Васил Богоевски, кој настапи со дела од Сарасате и Бах. 

Наградата ми е посебно драга, оти проф. Димов бил професор на еден од моите професори и конечно да добијам награда и во мојот роден град. Ова беше ново и одлично искуство. Со музиката израснав, мајка ми е виолинистка, од мали нозе покажав интерес,  и се до мојата 13-14 година не бев сигурен кој пат ќе го одберам и еве не сум згрешил - рече Васил, кој учи музичка академија во Франкфурт - Германија.   

Натпреварот се одржа на сцената на велешки театар а организатор е  здружението ,,Арт ин орг,, од Кавадарци. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати