Петар Печков
Објавено: среда, 07 јануари 2026
Детскиот хор Св. Кирил и Методиј од Велес деновиве заминува за Холандија, за градот Утрехт, каде ќе одржи два концерти. Едниот од нив е во соработка со Европската епархија на Македонската православна црква –Охридска Архиепископија.
Гостувањето ќе се случи во периодот 8-15 јануари, кога ќе се реализа проектот C. H. O. I. R. со здружението „Freedom to discover“.“. Во овој проект се вклучени два хора, велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ и „Zangschool“ од Утрехт.
Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ зад себе остави успешна 2025 година. Во текот на изминатата година имаа околу дваесетина настапи како гости на многу настани, но и свои целовечерни концерти од кои еден во Оломуц, Чешка. Учествуваа и на два меѓународни натпревари во Чешка и Македонија.
