Новите авантури на цртаните јунаци „Биби и Боби“ во Киноверзум Велес

Петар Печков

Оваа седмица на репертоарот на Киноверзум Велес се четири филма, од нив два се премиера.

Премиера за македонскиот анимиран филм „Биби и Боби во светот на бајките“.  Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)”  која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината. Гласовите ги позајмија: Сашка Димитровска, Сашко КоцевНикола Ристановски и Слаѓана Вујошевиќ. 

Втората премиера е ан српската комедија „Враќањето нa династијата на Жика“.  Никола Којо му се враќа на ликот на Миша Павловиќ по повеќе од 30 години. На Миша во Србија му доаѓаат синовите кои долго не ги видел зашто живеат со Наташа во Москва. Кога пристигнуваат момчињата што ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан, започнува нова луда година полна со смеа, авантура, но и семејни вредности.  
На репертоарот на Киноверзум во Велес е и најгледаниот филм во светот изминатиот викенд  „Пет ноќи кај Фреди2“. Кинематографскиот хорор феномен на Блумхаус „Пет ноќи кај Фреди“, хорор филмот со најголема заработка во 2023 година, најавува нова, застрашувачка ера на аниматронски терор. Врз основа на серијата игри на Скот Котон, „Пет ноќи кај Фреди 2“ е режиран од Ема Тами (Ветерот, Крвава месечина), признат режисер кој се враќа на проектот.

Недела од 16ч. ќе игра филмот кој според заработувачката во светот е на второ мeсто, анимираниот „Зоотропола2“ кој првиот  викенд на премиеата заработи 500 милиони долари.  Храбрата зајачка полицајка Џуди Хопс и нејзиниот пријател, лисицата Ник Вајлд, повторно се здружуваат за да откријат нов случај, најопасниот и најсложен во нивните кариери. Музиката во филмот е на Шакира.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати