Бесплатно поделени два илјади табли јајца за час,еден момент и полицијата мораше да реагира за да се одржи редот (фото и видео)

Петар Печков

За само еден час во Велес беа поделени околу две илјади табли јајца, кои бесплатно ги делеа волонтери.  Тоа беше донација од велешани кои живеат и работат во САД, од компанијата Шилер чија дејност е камионски превоз на стока. Во еден момент поради големата гужва и безредие кое се создадoa, ред мораше да воведува и полицијата, да ги спречи граѓаните да не дојде до стампедо и повредени. 

„Целта ни е   граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден.  Дел од донацијата претходно ја поделивме на семејства социјални случаи“– соопштија организаторите, од компанијата Шилер.

Некои  од присутните земаа и по две, по  три табли, со објаснување, за сестра ми е болна, комшиите не можат да дојдат.  Добија табла јајца која пазарно вреди 300 денари а пред покачувањето, пред десетина дена 200 денари.  Добиваа и по една кесичка црвена боја. За најмладите имаше забава со кловн и цртање на велигденски цртежи. 

Ова е трета година како компанијата Шилер, во Велес  бесплатно дели табли со јајца.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати