Библиотеката со награди за најредовните читатели

Петар Печков

Локалната библиотека„Гоце Делчев“ од Велес и оваа година традиционално ги прогласи читателите кои изнајмиле и прочитале најмногу книги. На читателите беа прогласени за најдобри од страна на в.д. директорката Гордана Васковска  и  им беа доделени пофалници и пригодни награди во книги. 

Во одделот за возрасни најмногу прочитани книги изминатата година има  Валентина Малинова, а за највозрасен  активен читател е Бранка Димова. Во категоријата за деца  најмлад активен читател е шестгодишниот Стефан Тодоровски  и најактивен читател кај младите  е Александар Јордановски.

Највредните  читатели беа одредени врз основа на бројот на прочитани книги и редовност при враќањето на истите. Имаме зголемен интерес за читање книга, во услови кога граѓаните повеќето слободно време се дома. Читателите од возрасната категорија, на секое доаѓање позајмуваат по три четири книги, велат дека така полесно го минуваат времето, наместо да гледаат телевизија, во време кога нема многу контакти со пријатели и соседи - кажа Гордана Васковска в.д. директорка на велешката библиотека Гоце Делчев.

Бројот на членови во ова институција е околу пет илјади  лица, во одделот за возрасни е 2.838 а во одделот за деца 2.176. Библиотеката неодамна  набави повеќе од 200  наслови, 172 за возрасни и 37 за деца,  или околу 870 книги.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати