Битолчанка измамила трoјца роднини од Велес за 20 илјади евра, неготинец измамен од велешанец за еден милион денари

Петар Печков

Тројца возрасни велешани пријавиел дека се измамени за повеќе од 20 илјади евра од жена, со која биле во роднинска врска а била од Битола. Парите им ги барала за оепрација на внука. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 3 ноември во СВР Велес тројца велешани пријавија дека биле измамени за различни суми на пари од П.М. од Битола, со која биле во роднинска врска. Имено, 73-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 1000 евра, на тој начин што П.М. побарала од неа да ѝ ги позајми парите, со изговор дека ѝ се потребни за операција на нејзината внука. Исто така, 84-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 1000 евра, кои ѝ ги позајмил на П.М. за операција на нејзината внука, а со ист изговор таа во повеќе наврати позајмила 18.483 евра и од 76-годишна велешанка, но до моментот на пријавување парите не им биле вратени“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес. 

Исто така вчера, вторник попладне, неготинец пријавил дека е измамен од велешанец за еден милион денари, кој ги платил за комунална услуга а таа не била извршена.

„На 03 октомври во 15:00 часот во ОВР Неготино, 46-годишен неготинец пријави дека бил измамен за сума од околу 1.055.000 денари. Според пријавеното, тој склучил договор со Г.М. од Велес, за извршување на комунални услуги на подрачје на Неготино, за што во неколку наврати му уплаќал пари, а Г.М. со изговор дека се чекаат машини за работа, го одложувал отпочнувањето на работата и по извесен период ја прекинал комуникацијата со пријавителот“ информира Милевска Ѓеоргиева

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати