Борец ја совлада Македонија ЃП, трите гола во последните минути од средбата

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов

Главен судија Мечкаровски Скопје  

стрелци: Пеев 85` Ѓоргиев 91` за ФК Б, Фернандо 94`за ФК МЃП

ФК Борец : Мустафа, Ефтимов, Коцев, Прелчец, Радовиќ. Ристевски, Ф. Ристовски, М. Ристовски, Силва, Стојчевски, Трајановски играа и - Пеев, Трајков, Ѓоргиев, Десниќ, Станковски

ФК МЃП: Стефковски, Атанасовски, Божиновски, Филиповски, Калид, Китановски, Ковачев, Личина, Настевски, Петров, Воќа   играа  и - Родригез, Сулејмани, Адем
картони - жолт: Ф. Ристовски, Силва, Трајановски кај ФКБ ; Калид, Китановски, Ковачев, Настевски, Атанасовски кај ФК МЃП

Сите возбудувања на дербито од деветтото коло на Првата фудбалска лига се случија во последните минути од натпреварот ФК Борец - ФК Македонија ЃП , кога паднаа трите гола. Велешани поведоа во 85-та по ударот од 11 метри, кој во два наврати го реализираше хрватскиот интернационалец Николе Прелчец.

Првиот удар  гостинскиот голман   Стефковски м у го добрани, а помошниот судија реагираше дека предвреме се поместил до гол линијата, па Прелчец доби втора шанса за гол. Ни во вториот удар не беше прецизен, Стефковски повторно одбрани и одбиената топка во третиот обид, на топката во петте метри, Пеев ја затресе мрежата на гостите од Скопје. Ѓоргиев  во судиското продолжение зголеми на 2:0.

Гостите намалија на 2:1 со прецизен удар од 16м. на Ферандндо а домашната одбрана не реагираше и топката ја затресе мрежата. Фудбалерите на ФК Македонија ЃП имаа можноста да поведат, во 60-та минута Калид шутираше пенал, кој голманот на домаќините Мустафа му го одбрани.

По девет кола екипата на ФК Борец останува четврта, но со 15 бода, еден помалку од денешниот ривал и еден повеќе од екипата на ФК Струга ТЛ.  

Во следното коло велешани гостуваат  на фенерџијата екипата на ФК Беласица, која досега има само еден бод. навивачите очекуваат победа и фудбалерите да не се посрамотат  во Струмица, екипа која служи за зголемување на гол разликата.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати