Борот кривуљ го снемува од Јакупица

Петар Печков

Еден од најголемите планински масиви во Република Македонија - Јакупица. Во состав на овој планински масив влегуваат планините: Караџица, Даутица и Голешница, над кои доминира највисокиот врв Солунска Глава, со надморска височина од 2540 метри. Во Република Македонија постојат две наоѓалишта на планинскиот бор кривуљ и тоа на планината Јакупица на површина од околу 1400 хек. и на Шар Планина, над самото село Брезово, на површина од 3 ара.

И едното и другото наоѓалиште претставуваат најјужна точка на простирање на овој бор на Балканскиот Полуостров. Денешната површина што ја покрива борот кривуљ, ни од далеку не одговара на минатото. Многу фактори обусловиле да се намалат некогашните пространи површини обраснати со овоj бор. Еден од битните услови што предизвикале намалување на површините под борот кривуљ е, пред сé, нерационалното користење.

Борот кривуљ го има и на други планини на Балканот ама овде е без малку истребен. Се користел како дрво за греење во лакањ, оти  поради смолата не испуштал многу чад па на времето селаните  не им правел проблеми во домовите. Штета е што го снемува оти во него се кријат и котат волци, лисици – вели Борче Гајдов планина и собирач на шумски плодови.

 Во потрага по нови пасишта, со пожарење, намалени се голем број површини. Исто така за намалување на површините под борот кривуљ е причина што порано дрвото на овој бор нерационално се користело за добивање на високо квалитетен ќумур кој се користел во ковачкиот занает. Планинскиот масив Јакупица се одликува со изобилство извори и потоци, терени богати со шума и пасишта, проткаени со овде – онде со цветот на разнобојна раститeлност, најавувајќи дека е тука еден од божествените делови на Македонија.

На планината Јакупица кривуљот го населува јужниот и северо-западниот дел, а локалитетот Алјагица каде најчесто се среќава борот кривуљ, всушност го претставува северо-западниот дел од планината кој граничи на запад со рекичката Алгица, на југ со ридот Шашковица, на исток со Демирова ливада и на север со составот на рекичките Алгица и Рачичка река. Метеоролошките податоци добиени од мерната станица на Солунска Глава, покажуваат дека годишните врнежи изнесуваат околу 800мм воден талог.

Во периодот мај -октомври, минималната температура е под нула Целзиусови степени. Максималната температура во август изнесува 20°с. Формата на хабитусот (изгледот) на борот кривуљ е условена од климатските фактори. На голема надморска височина и на места каде подолго се задржува снег, формата на хабитусот е секогаш ползешта.

Слична е состојбата на овој вид бор и во другите делови на светот каде се среќава - Алпите и Карпатите. Најновите сознанија добиени при уредување на пороите и тоа во Алпите, укажуваат дека овој вид во иднина ќе има и посебно стопанско значење. Ќе се користи како еден од растителните видови во преземање на биолошките мерки за уредување на пороите.

Затоа, денес во голем дел од земјите каде се среќава се заштитува и се чува како природна реткост. Основна карактеристика на борот кривуљ е што тој се среќава на голема надморска височина. Има впечатливо многу стеблен хабитус-изглед. На планината Јакупица борот кривуљ го населува јужниот и северозападниот дел на планината и тоа почнувајќи од 1400 до 2520 метри надморска височина, што всушност завршува некаде под самиот врв на Солунока Глава.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати