Лошата реа која доаѓа од биогасната централа крај Градско, создава проблеми кај жителите на околната населба

Петар Печков

И натаму лошата реа на измет е секојдневие за жителите на населбата Стопанство и дел од Градско. Објаснуваат дека ваквата состојба била присутна две години, откако започнала со работа блиската биоцентрала, која е лоцирана во нивно соседство, преку пат. Тие освен на неподносливата смредеа реагираат и на инсектите кои ги има а ги привлекувало ѓубрето, и се опасност по нивното здравје.

„Смрдеата ни предизвикува потешкотии на здравјето. Амонијакот кој потекнува од распаѓањето на животинските  или растителните  материи кои се користат во процесот за добивање на струја, ги оштетува дишните патишта, имаме воспалувања на синуси, главобилки. Мувите кои доаѓаат на ѓубрето, се исто така проблем, шират зараза“ – вели Трајче Ристов, жител на Градско.

Мештаните се жалат дека мора да седат дома овие летни вечери, со затворени врати и прозори, за да се заштитат од неподносливата смрдеа но и инсектите кои биле присутни. Реагираат дека тие можат да шират зараза а миризбата им создава здравстени проблеми, посебно на децата. 

„Многу мириса, не се издржува. Ние реагираме, но подобрување не се случува. Децата ни боледуваат. Преработката од системот, навечер ја посипува по нивите, како арско ѓубре. Во боксовите оставаат силажа, која ферментира и по некое време кога ќе ја утоварат во системот, тогаш смрди, машините  ја подигаат и се чувстува реата. Навечер е најкритично. Децата се жалат на промблеми со очите, имаат главоболки. Нека работи централата, ама здравјето ни го зема“ – рече Рифат Демири.

Велат дека споредено со  лани летото, годинава состојбата е полоша. Реата ги избркала младите, кои правеле свадба во блискиот ресторан на отворено. Сега ретко кој се одлучувал тука да стапи во брак, иако претходно секој викенд имало по две свадби.   

Државниот инспектор за животна средина (ДИЖЗ), по реакции на засегнатаи страни  во три  наврати, направил три вонредни инспекции. Последната на 27 март годинава. Констатирана е постапката за начинот на користење на ѓубрето. 

„Елаборатот за заштита на животната средина утврдува посебен акцент на утовар и транспорт на ѓубривото од фармите до централата за биогас, утовар и  транспорт на ѓубрето, цврста и течна фракција, по завршениот процес до нивите, активност која има влијание на појавата на непријатна миризба по околината“ - пишува во вонредниот инспекциски надзор од 27 март. 

Стручната литература која била користена од ДИЖС  за оваа проблематика,  прецизира дека изборот и одобрувањето на локацијата е пресудно и најважен услов за контрола на влијанијата. Несоодветното решение на локацијата, може да создаде проблеми во текот на работата на инсталацијата.

Жителите на населбата ги  обвинуваат членовите на Советот од претходниот мандат на Општина Градско, кој ја изгласале локацијата, во дворот на населбата да се лоцира биогасната централа. 

Менаџментот на биогасната централа негира дека непријатната смрдеа потекнува од нив.

„Биогасната централа Вардар Био Процес прави редовни лабораториски испитувања на емисиите и загадувачки супстанци во отпадните гасови и пареи во воздухот, за кои постојат законски обврски. Сите испитувања на измерените концентрации направени од акредитирани лаборатории, укажуваат дека не постои надминување на ниту една од дозволените гранични вредности. Работниот режим е идентичен и непроменлив во текот на денот и ноќта,  не се извршуваат никакви активности во вечерните часови, различни од дневните. Евентуална појава на непријатна миризба во околината, со изразена периодичност во вечерните часови, не може да потекнува од Биогасната централа“- велат од компанијата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати