Потребно е дислокација на колекторот од крајбрежниот појас на езеро Младост, од локација над хотелите

Петар Печков

По извршената контрола на државниот инспектор за животна средина (ДИЖС) врз  ЈКП Дервен било констатирано дека се отстранети неправилностите забележани  при контролниот надзор. 

ДИЖС со решение го задолжил ЈКП Дервен да се спроведе чистење на Регионалниот колектор на потегот Бела вода – хотел Романтик, а потоа да се изврши стручен преглед за функционалноста на системот и да се изготви стручен писмен извештај дали фекалната канализација/колекторот има влијание врз квалитетот на водата во езерото Младост.

Согласно препораките од Стручното мислење, ДИЖС донел ново решение со кое го задолжи ЈКП Дервен да изврши технички интервенции на излезната шахта од сифонскиот дел за непречен увид на пропусната моќ на Регионалниот колектор после сифонот, да изврши санација на оштетени шахти покрај крајбрежниот појас на потегот Бела вода – хотел Романтик и спречување на пропуштање вода во околината/езерото Младост.

„При контролниот надзор се констатира дека ангажирана е машина за да ја пронајде ревизионата излезна шахта од сифонскиот дел која е затрупана, но заради големото количество земја која е депонирана на локацијата, а со текот на годините земјениот материјал е набиен, шахтата не е пронајдена. На овој потег затрупани се последователно уште две шахти со големо количество депонирана земја, на кои исто така при надзорот не можеше да се изврши ревизија за да се утврди протокот на отпадната вода која тече низ колекторот после сифонскиот дел. Од овие причини, извршен е увид на следната пристапна и слободна ревизиона шахта на која е извршен увид, при што се констатира дека низ истата слободно тече фекална вода.

При контролниот надзор се констатира дека на крјбрежниот појас на потегот Бела вода–хотел Романтик е извршена санација на оштетените шахти со премачкување на внатрешноста на шахтите и на споевите помеѓу бетонските прстени со водонепропустени премази, со цел спречување на комуникацијата на езерската вода и фекалната вода од Регионалниот колектор. Од страна на ЈКП Дервен направен е обид да се изврши  санација на шахтата во крајбрежниот дел кај хотел Романтик, каде при вонредниот надзор беше видливо дека кинетата/дното на шахтата е пропаднатао за 10-20см, но на теренот има објективни технички пречки за да се изврши оваа мерка во целост, од причина што при изведбата заради ископот кој треба да се изведе во непосредна близина на езерото, постои голема можност со ваквите активности да се предизвика дополнително загадување, во услови на интензивна продукција на органска маса и загадување на водата во езерото“ – одговорија од ДИЖС на поставеното прашање од ТрМр.

Потребно е порадикално и трајно решавање на овој проблем преку  дислокација на колекторот од крајбрежниот појас на локација над хотелите, што е заклучок и на Комисијата за следење на состојбата со водите во акумулацијата Младост-Велес.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати