Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 август 2025
При крајот на летото и тоа со одговор на поставено прашање, од Центарот за јавно здравје Велес, кажаа дека водата во двете реки Тополка и Бабуна, во долниот тек не е за капење, ниту за рекреација. И тоа откако докторката која ја следи оваа проблематика, се вратила од одмор.
„После месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микрибиолошки индикатори и со присустов на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата која таму се изгради директно влијае на квалитетот на водата, во отсуство на систем за собирање на отпадни води, канализација. Слична е состојбата и со река Тополка. Со години таму после т.н. индустриски дел, после Порцеланка, таа не е за капење, водата е загадена“- кажа д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес.
Со години, децении, информацијата за квалитетот на водите, кои велешани ги користат за рекреација во лето, се објавуваше во текот на месец јули. Годинава на крајот на летото. Состојбата со со квалетитот на водите во базените од хотелите каде бројни гости, пред се деца се освежуваат и на Градскиот базен е добра.
„Се случуваа мали отстапувања, но веќе следното контролно мерење, беше во ред“ – рече д-р Петрова.
Таа кажа дека колегите од ЦЈЗ Велес, за состојбата со водата во реките Бабуна и Тополка, ги информирале надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.