И со третиот извештај за квалитетот на водата на езеро Младост летово, ништо ново, треба да се чисти акумулацијата

Петар Печков

И во последниот, трет извештај за квалиетот на водата од акумулацијата езеро Младост,  на Центарот за јавно здравје Велес, истата констатација како во претходните два.

Потребно е да се изврши испитување од стручна институција, која ќе докаже дека во водата на езеро Младост, нема цијанотоксини. Нив ги излачуваат цијанобактериите кои веќе се констатирано дека ти има во водата, но не сите. 

Примероците од три плажи се земени на 7 август.  За разлика од претходните два, во овој трет за летово, има податоци за Отовичка плажа. Микробиолошките индиактори се дека добра до одлична, по однос на физичко-хемиските параметри е со 5-та категорија по матност а 3-та класа за присуство наамонијак. Иста е состојбата и со остантатите две плажи пред Бела вода и пред Брод Панини.

Но и натаму стои забелешката за присуството на пифтиеста маса од изумрени алги и трски, по површината, за што треба да се изврши испитување дали во водата има цијанотоксини. 

Испитувањето чини 110 евра во Инситутот за јавно здравје Белград, но досега никој не изврши анализа, ниту пак најавил дека тоа ќе го стори. Или истата констатација се повторува во извештаите, но надлежните  ништо не  преземаат да се изврши неопходната анализа.

Од ЈВП Лисиче најавија дека понеделник ќе бидат распишани јавните повици за избор на фирми, за  изведување на бушотини за вода на сливот од Отовичка река, за фирма за собирање на пифтестата маса од површината и сечење на дрвјата и трските од крајбрежјето, и за набавка и промена на вентилот на браната. За сите овие работи, зафати,  има обезбедено 10 милиони денари, колку Владата одвои за санација на езерото.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати