Петар Печков
Објавено: недела, 26 јануари 2025
Два часа по полноќ, граѓанин на Република Бугарија бил пронајден паднат во Младински парк. Превезен е во болница а од таму во клинички Скопје. Деталите од информациите на полицијата и болница.
„На 26.01.2025 во 02.00 часот во СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош Велес пријавил дека во Младинскиот парк на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес со повреди бил пронајден С.Д.(33 год) од Република Бугарија. Според пријавеното, лицето додека се движел во паркот, изгубил рамнотежа и паднал“ – соопшти Ненад Колев од СВР Велес.
Според сведоци, лицето се самоповредило откако скокнало и паднало на глава во Младински парк. Тој бил со друштво од неколку лица исто од Република Бугарија на забава во велешки ноќен клуб.
Лицето кое било во алкохолизирана состојба, било пренесено во болницата во Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
„Во текот на ноќта во ургентниот центар е донесен пациент, со повреди на главата во состојба на сомноленција. Извршена се компјутерски и рентген снимања, дадена неопходна здравствена помош. Констатирани се скршеници по лицето и е пренесен на Клинички Скопје“ – информира д-р Биљана Босилкова, порптарол на Општа болница Велес.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.