Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јануари 2025
Автомобил удрил пешак на крстосницата кај семеафорите. Лицето се здобило со тешка телесна повреда. Деталите од информацијата на СВР Велес и велешка болница.
„На 8 јануари во 20 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Алексо Демниевски“, ул.„Вардарска“ и ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(28 год) од Велес, удрило во пешакот С.П.(71 год) од Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
„Примен е пациент во сообраќајка, извршени се снимања и претраги. Констатирана е тешка телсна повреда, имобилзиран е и пуштен на домашно лекување“ – соопшти д-р Биљана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.