Велешанка повредена во сообраќајна незгода, пренесена на ТОАРИЛУЦ Скопје

Петар Печков

Велешанка како пешак е повредна во сообраќајка која се случи во саботата претпладне. Поради специфичноста на повредата пациентката е пренесена на ТОАРИЛУЦ  во Скопје.

„На 21.12.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 09.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30 год ) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес.

„Саботата околу 10ч. во Уртентниот цнетар е примена пациентка со скршеница на нога. Преземени се неопходните истражувања, снимања со компјутерска томографија, згрижена на одделение од ортопедија до вчера, недела, кога заради специфичноста на повредата скршеница на фемур, е пренесена на Клиничка во Скопје“ – кажа д-р Биљана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати