Опожарена куќа, сопственикот пронајден починат

Петар Печков

Велешанецот Д.М (64 год). почина во пожар, во семејниот дом. Огнот бил регистриран саботата вечер,  околу 19ч. на улица која води до спомен куќата на Кочо Рацин.   Соседите веднаш ја повикале пожарната.

„На ден 14.12.2024 во 19:03 примена е дојава за запалена куќа на ул. Љубен Весов бр. 54. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители. пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза во една просторија каде што е пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа“- соопштија од ТПП Велес.

Навремената интервенција на пожарникарите спречила можност огнот да се прошири по куќата а со тоа и околните куќи, со оглед на тоа што во соседството има повеќе објекти кои се лепенки до опожарената.

Околу 20ч.  бил повикан и доктор од итната помош, кој немал можност за интервенција.

„Најдовме тело на починато лица, кое беше во таква ссотојба при што немаше можност за лекарска помош, и констатиравме смрт“ – кажа д-р Марјан Мишев од службата за Итна помош. Телото на починатиот било дадено на обдукција, по наредба на јавен обвинител.

Од велешката против пожарна единица, при интервенцијата наишле на проблем, да стигнат до местото на пожарот, оти имало бројни возила паркирани по тесните сокаци, кои го отежнувале движењето на возилата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати