Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 декември 2024
Велешанец кој агресивно и недолочно се однесувал кон гостите во кафеана и кон минуваачите на улица. Поради тоа бил приведен од полицијата. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 15.12.2024 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Б.С.(37 год) од Велес затоа што пред угостителски објект во Велес го нарушил јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување кон минувачите и присутните гости во објектот. Б.С. бил задржан во полициска станица“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од полицијата.