Автомобил излетал од пат, две патнички повредени, едната со скршеници

Петар Печков

На првиот ден од новата година, попладнето автомобил излетал од коловозот на стариот пат Градско - Неготино. Двете патнички, со возило на брзата помош од Неготино,  биле пренесени во велешка болница.

„На 01.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47год) од Градско, удрило во заштитна метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57 год), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45 год), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Во 16ч. во Ургентен центар донесени се две повредени жени, во сообраќајка. Кај едната од нив на 63 годишна возраст има тешки телесни повреди, скршеници и таа денес ќе биде оперирана на ортопедија. Втората пациентка на 45 годишан возраст извршени се снимања на комјутерска томографија и таа е задржана на опсервација, во текот на денот ќе биде пуштена на домашно лекување“ – кажа д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.

Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати