Жена пријавила физичко насилство од сопругот, кој и ги запалил и личните документи

Петар Печков

Велешанка  пријавила физичко насилство од нејзиниот сопруг, кој и ги запалил и личните документи. Интервенирала полицијата. Инцидентот се случил средата попладне. Деталите од информацијата од СВР Велес.

„На 25 декември  во 17.10 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б.(43) од Велес, постапувајќи по пријава од неговата 43-годишна сопруга. Според пријавеното, во семејниот дом С.Б. и се заканувал, физички ја нападнал, ја кршел покуќнината во нивниот дом, а ги запалил нејзините лични документи и други предмети“ – инфомира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Пријавеното лице С.Б. било  задржано во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него, полицијата  ќе поднесе соодветни поднесоци.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати