Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 октомври 2026
Споменици од гробните места во дворот на црквата Св. Спас во Велес се уништени, некои искршени други ошетени, трети откорнати од постолјата. Не е познато кога се случил инциденот, колку вкупно споменици се оштетени.
Според продавачите на цвеќиња кои се тука секојдневно, можно е да се случил во петокот. Тие сведочат дека никогаш толку народ во работен ден, претпладне немало да доаѓаат на гробишта, како денес. Роднините се гневни, лути на тоа што во виделе.
„Дојдов да проверам каква е состојбата со спомениците на моите родители, на роднините. Дознав дека се искршени. Што да видам и нашиот фамилјарен е искршен. Кому му пречат овие спомен обележја, не ги остават мртвите ниту да почиваат во мир, иако се одамна погребани. Очекувам дека сторителите ќе бидат пронајдени, откриени. Ова нема врска со разум, со памет, ова е вандализам“ – вели велешанец кој го пронајде искршен фамилијарниот споменик.
Местото каде се случил чинот е длабоко во внатрешноста на гробните места, внатре во дворот на црквата, место викано Влашки гробишта. Не се искршени редум еден покрај друг спомениците, туку рандом, без некој ред или не се во низа.
Можеше да се види слика на бројни членови на семејства кои беа дојдени да проверат каква е состојбата со нивните гробни места. Бројката е тешко да се одреди, но сигурно беа повеќе од десетина, искршени, уништени или оштетени гробни обележја.
Има сведоци кои потсетуваат дека во дворот на црвката Св. Спас имало случаи, не така одамна кога говеда од сопственици кои живеат во близина, биле пронајдени внатре како шетаат.
Поради бројните кражби во црвката има поставено видео надзор. Изминатиот период од црквата пријавиле дека има извршено кражба на метална врата, на пластични канти за отпад. Иако за тоа имало видео снимки, полицијата не ги земала во предвид. Меѓу лицата кои беа во посета на гробоштата денес, беше и поранешен чувар, кои потсети дека пред 30-тина години биле уапсени лица, кои ги откопувале гробовите и од починатите земале злато, за што биле осудени.
Законодавецот предвидел дека оштетувањето, уништувањето на гроб е кривично дело за кое е предвидена и казна затвор до три години. Според член 400 од КЗ став 2 тој кој ќе осквернави два или повеќе гроба, разурне или оштети гроб или друго место во кое се закопуваат умрените или грубо ќе ги повреди, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
Од велешката полиција на поставено прашање одговорија дека во досега имаат добиено две пријави за оштетени споменици во дворот на црквата Св. Спас, кои биле пријавни вчера во недела.
„Полициски службеници презедоа мерки и активности за утврдување на причините и околностите под кои настанало оштетувањето и извршен е службен разговор со вработени во ЈКП Дервен. СВР Велес презема понатамошни службени дејствија и проверки за утврдување на причините за настанатите оштетувања и пронаоѓање на сторителите“ – изјави Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.

