Велес доби камерен оркестар

Петар Печков

На денот на сесловенски просветители 24 мај, промоција имаше Камерниот оркестар од Велес, ,,Ангел Шурев,,. Тој засега брои 16 члена, дипломирани  музичари. Формиран по иницијатива на градоначалникот на Велес Аце Коцевски, со цел да се развива музичкиот и културен живот во Велес. За диригент на оркестарот е назначен  м-р Илија Настовски, професор по музичко, кој со  искуство се стекнува кај познатите оркестарски диригенти Јануш Псибилски од Полска и Алгис Забрас од Литванија.

Имаше огромна желба од страна на изведувачите, да се формира составот.  Се состанавме, почнавме со проби и еве го првиот резултат.  Работиме во музичкото, засега.  По најавата дека ќе е формира оркестар, сите  што беа поканети и што беа слободни колеги музичари од градот, без исклучок прифатија да членуваат. Имаме една колешка дури од Куманово е членка, доаѓа на проби секој четврток. Настапивме со капитални дела од Бах, Пјацола. Во составот имаме и ученици од музичките училишта - вели   Настовски. 

Волшебните звуци на градскиот камерен оркестар на неговата премиера ја пленија публиката во салата ,,Бели мугри,,.  Ангел Шурев, по кого камерниот состав го носи името, е роден во Велес во 1932 а почина во Белград 2004-тата. Тој е ученик на основното музичко училиште тогашно Киро Димова, сега Стефан Гајдов од Велес.  Шурев завршува специјализација на „Санта Ќеќилији“ во Рим, каде три години је бил  диригент во Римската опери. Пред и потоа бил диригент во Белградската опера, Симфонискиот оркестар и хорот на ЈНА во Белград. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати