Велес и натаму лидер во Македонија по вакцинирање

Петар Печков

И денес, како и многу претходни екипа на Здравствен дом Велес  на  беше на терен, на Рамина. Цел е да се најдат невакцинирани деца, кој од различни причини не биле имунизирани.  За неколку часа беа најдени осум деца, на различна возраст, кои без никаков проблем од страна на нивните родители, напротив со задоволство,  ја примија вакцината.   

Наша цел беше да најдеме деца кои не се вакцинирани или не се евидентирани во списокот за имунизација. Тоа се деца кои се вон образовен процес, не одат на училишта. Дел од нив беа на предшколска возраст, имаше и школски деца. Дадовме  три МРП и пет петовалентни и шестовалентни вакцини. Потенцирам дека  родителите со задоволство ги вакцинираа нивните деца, не дадоа никаков отпор и се заинтересирани за понатамошна соработка - вели  д-р Пандели Божиков, специјалист по училишна медицина, ракводител на службата за имунизација на училишни деца при  ЈЗУ Здравстен дом Велес.  

Оваа  активност беше во ракмите на Неделата на имунизација која се одржува од 23-ти до 29 април  и е  во соработка со Светската Здравствена организација.   Велес и натаму е лидер по вакцинирањето на децата. И додека во Македонија  процентот опадна, во општината и натаму е висок. Опадна во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп. Во континуитет десет години општината стои високо на оваа листа на вакцинирани деца меѓу 95 и 98 отсто - изјави д-р Божиков.  

Тој ги соошти бројките според кои  ХПВ е 95 отсто,  полио е 98%, тетанус 96%, ДИ-ТЕ 98%,  МРП (ситна сипаница, заушки и рубеола)  е 99%.За една вакцина да биде успешна спреод стандардите на СЗО е 95 %.

За овој висок процент, ние како екипа сме постојано на терен. Така денес сме на Рамина,вчера бевме во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. Таму пушптивм,е 31 Ди-Те полио вакцина, 5 тетанус и три МРП. Нашите вакцини се квалитени, безбедни, сигурни, произведени во реномирани фармацевстки куќи во Белгија, Франција, Бугарија. Минуваат низ строга контрола во Бирото зе лекови. Зад високиот процент стојат сите од службата и активно учествуваат во вакцинацијата - обајснува д-р Божиков.  

За крај но не и најмалку важно докторот со негова силна порака, емотивна, стручна и човечка.

Родителите, кои како млади јас сум ги вакцинирал,  како што тие се вакцинирани право е да го вакцинира неговото дете и тоа да биде заштитено. Младите родители ги советувам да не наседнуваат на лаги, шпекулации, дезинформации. Се што им е нејасно за било која вакцина ние сме тука да ги расчистиме дилемите, подготвени за соработка. Работам повеќе од 35 години  со имунизација со деца,  и досега не сум сретнал случај, кај ниедно дете немало несакана реакција - заврши д-р Божиков. 

loading...

Поврзани »

Што е меланом?
loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати