Петар Печков
Објавено: среда, 10 декември 2025
Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави резултатите од 266 теренски контроли спроведени на територијата на Македонија во периодот од 1 до 30 ноември 2025 година, насочени кон угостителски објекти, трговци, такси-компании, производствени капацитети, казина и други субјекти.
Велешките правни субјекти се со градови со ниско ниво на констарирани неправилности. УЈП соопшти дека процентот е 15,4, исто колку што е и за Кавадарци. УЈП констатира дека иако овие градови имаат утврдени прекршоци, процентите се значително пониски во споредба со останатиот дел од државата, што укажува на подобро усогласување со фискалните правила. Два града се издвојуваат како целосно позитивни примери Дебар, со 7 контроли и 0 неправилности и Росоман со 3 контроли и 0 неправилности.
Санкциите за прекршоците во ноември вклучуваат над 100 глоби за неиздавање фискални сметки, непоседување на фискална опрема, ненаведување дневни извештаи и други сериозни прекршувања. Фактот што повеќе градови бележат 100% неправилности јасно покажува дека недисциплината е системски проблем, а не поединечен случај.
