Велешанецот Златко Василковски, професор на Бостонски Универзитет, издаде книга на македонски „Мултиверзум за почетници“

Петар Печков

Велешанецот Златко Василковски доктор на науки, кој живее и предава на Бостонскиот универзитет, на магистерски студии, ја промовираше неговата книга „Мултиверзум за почетници“ на неодамна одржаниот Саем на книгата во Скопје а денес еден примерок од неа подари на Градската библиотека „Гоце Делчев“Во Велес.   Делото е за космологијата и астрономијата.

 Василковски по професија е физичар, теоретска физика, има дипломирано на ПМФ Физика вос Копје, потоа со сопругата Василка Шопова заминува за САД, каде докторирал на ТАФТС  и тоа во генерација од пет студенти, двајца тој и сопругата биле Македонци.  Тој пост докторските студии ги имал на Харвард и МИТ по што е ангажира на Бостонскиот универзитет.

Тој на Универзитетот во Бостон  27 години држи часови за физика, математика и во последните 12 години за вештачка интелигенција и тоа за магистерски студии .   

„ Мултиверзум,  тоа е идеја за универзуми надвор од нашиот универзум  во која не воведе нашиот, мојот и на сопругата професор на ТАБС каде работевме на докторатот, професорот Александар Виленкин. Тој во периодот 93-96-та  ја создаде таа теорија за други универзуми. Подоцна стана широко прифатена и стана  е еден од најпознатите космолози во светот. Ова  е една популарна наука, нов жанр кој се појави пред 15 години во САД. Ова е прв вид на таква книга, за популарната наука во Македонија. Насочена е кон широка публика,со  минимално знаење за основните работи за вселената и универзумот. Напишана е секој  да може да ја разбере.  Идеите во неа се изнесени на едноставен начин, без никаква комплицирана математика и неразбирливи формули. Со почетните информации изнесени во книгата се надевам дека секој читател ќе може да си донесе сам за себе заклучок, дали тоа што ќе го види на телевизија, за вселената, универзумот,  прочита има смисла или не“- објаснува Василковски   

За неговата  љубов кон физиката најзаслужни биле професорите по физика, пред се првиот наставникот  во основно Јордан Милованов,за кого Златков вели дека му ја пренел на прва љубовта кон оваа природна наука.    Василковски подготвува и втора книга на македонски јазик, за квантнана механика а во пресрет на 100 години од квантната теорија.   

„Пишувам книга што ќе биде  е едноставна за читање, да се разберат сите тие идеи кои водат кон различени гледања на реалноста, без голема теорија и математика. Со обичен јазик да се допре до читателот“ - вели Златко.

Со ова негова книга  „Мултиверзум за почетници“, Македонија и македонскиот јазик се запишуваат во светскиот тренд на популарна наука. Ако Рацин прв објави книга поезија  на македонски јазик, тогаш неговиот сограѓанин Василковски прв објавува книга за тоа што е тренд во светот.

„Започна по светот да се пишуваат книги за популарна наука, како нов жанр. Сакав тоа да им го овозможам и на македонските читатели и тоа за прв пат на мајчин јазик и да додадам Балканско гледиште за тој дел од универзумот.  Книгите на англиски или руски го даваат нивното гледиште, што го примаме преку научните програми и магазини. Постои мала разлика во гледиштата и настојував тоа гледиште, растејќи во оваа култура и дел од светот, да  го илустрирам со овдешни работи со некои метафори кои се воведуваат за да се приближат идеите кои се апстрактни. Потребни е метафори за да ја објаснат апстрактноста а тие се вообичаено англосаксонски. Јас го вметнав бурекот наместо американска пита кога ја објаснував бесконечноста“- вели Василковски.  

Мартин Карплус, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2013 година, за делото на Златко ќе каже:

„Ме воодушеви големата сеопфатност на книгата. Почнувајќи со потеклото на нашиот универзум, проследено со создавање на животот на Земјата, човековата цивилизација, па сè до денешната наука и идејата за мултиверзумот. Уште поважно е што овие идеи се многу јасно изложени, што ги прави достапни за читателите кои имаат само минимално разбирање на денешната физика“.

Издавач на книгата е  „Арс Ламина“ од Скопје а делото е достапно и на српскиот и хрватскиот пазар.

Поврзани »

СЕ ИЗДАВААТ ШАНКОВИТЕ НА ГРАДСКИ БАЗЕН

ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2022 за издавање на шанкови на Градски базен Велес за сезона 2022 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Македонија треба да продолжи да учествува на Евросонг?

  • да
  • не
  • не ја следам манифестацијата
Резултати