Велешанецот Ламњов издаде ЦД во Шведска

Петар Печков

Неодамна велешанецот Благој Ламњов кој работи и живее во Шведска го издаде ЦД-то Nostalgic Love.

1. За каква музика станува збор? 

Ова е една нова димензија на Македонската инструментална музика и едно ново лице на овој популарен инструмент, кларинетот. Ова се песни без зборови (инструментална музика) инспирирани од Македонската музика но помешани со неколку други убави стилови, а сето тоа изведено со елеганција и традиција од класичната музика и префинетиот класичен тон на кларинетот. 

2. Што е тоа со кое најмногу се гордееш? 

Најмногу се гордеам со тоа што ги издржав овие 10 луди месеци интензивна работа на албумот во улога на продуцент, покрај спремањето на музиката. Исто така издржав 14 години креирање на овој мој музички стил, кој го привлече вниманието на сите, па дури и на најтешката категорија за освојување, средношколците.

И на крај, издржав кондициски како физички така и ментално два цели денови снимање, така што да нема разлика во квалитетот на изведбата на најпрвата снимена песна и најпоследната.

3. Твојот тон на кларинетот е едноставно магичен. Како да криеш по една тајна во секоја отсвирена нота. Крие ли Благој тајни низ својот тон и ноти?  

Искрено, да. Се кријат тајни. Тоа се неколку личности кои ги испишаа со ноти празните листови хартија. Тие самите знаат кои се...

Мотивација, совети и финансиска поддршка: Торбен Уландер.

Продуцент: Благој Ламњов

Издавач и сопственост на албумот: Благој Ламњов, 2019 Шведска.

во скоро време го очекуваме и првиот видео запис од ова ЦД

loading...

Поврзани »

loading...

>

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати