Велешанецот Ракиџиев потпретседател на ФФМ

Петар Печков

Со одлука на вчерашната  седница на УО на ФФМ, Лaзар Ракиџиев од Велес е назначен за потпретседател на Фудбалската Федерација на Македонија.

Велешанецот го пополнува тоа празно место во раководството на Федерацијата откако Муамед Сејдини стана прв човек на ФФМ.

Инаку досега Ракиџиев беше член на Управниот Одбор на ФФМ.

Претседателот на ФФМ Муамед Седјини во Лазар Ракиџиев ќе го има еден од најблиските соработници во раководењето со Фудбалската Федерација на Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати