Велешанец два пати казнет оти во два наврати бил на улица во време на полициски час

Петар Печков

Според судските пресуди, објавени на порталот на Основен суд Велес, велешанец два пати е  парично казнет бидејќи во време на полицискиот час, бил затекнат на улица во градот, на јавна површина, а за  тоа немал дозвола.

Лицето првиот пат  бил на Сармаале а бил легитимиран од страна на полициски службеници на  4-ти април - сабота, во  16,50 ч. а вториот пат на  25 април, повторно сабота во 17,40 ч. на улица  Пајак Планина.

Во двата случаи немал дозвола да се движи во време на полициски час, па за кривичното дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ му е изречена пресуда, со која се издава казнен налог во висина од по 48,8 илјади денари како и судски паушал од 5 илјади денари. Или вкупно неговото шетање низ град во време на полициски час го чинело 107,6 илјади денари. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати