Петар Печков
Објавено: вторник, 16 септември 2025
Во текот на вчерашниот ден, понеделник, велешанец бил удрен во Штип, од автомобил. Се здобил со скршеници. Деталите од информацијата на СВР Штип.
„На 15 септември околу 14:10 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(53 год) од Штип, удрило во пешакот Д.В.(37 год) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип“ – пишува во извештајот на СВР Штип.