Велешанец сомнителен на ковид-19, вчеравечер почина на пат кон Инфективно

Петар Печков

Еден пациент позитивен на ковид-19 почина на Инфективното одделение од Велешката Болница а почина и  еден сомнителен случај, информираа од оваа здравствена институција.

Почина пациентка на 81 годишна возраст од Свети Николе, кој е била примена на Инфективно одделение пред четири дена. Донесен е и пациент на 55 годишна возраст, без знаци на живот, без дишење и срцева реакција. Податокот од матичен доктор е дека е сомнителен на ковид-19, имал покачена температура,последните денови - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница од Велес.  

Пост мортем, после смртта,  не се зема брис, освен по инсистирање  на семејството, според здравствениот протоколи. Починатиот  живеел со неговата мајка.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати