Петар Печков
Објавено: среда, 24 декември 2025
Понеделникот попладне, велешанец кој управувал автомобил, излетал од автопатот и се здобил со тешки телесни повреди. Деталите од информацијата на МВР.
„На 22.12.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје - Велес, кај Катланово, патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(49 год) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, по што ќе бидат познати причините за инцидентот.
