Петар Печков
Објавено: вторник, 24 јуни 2025
Понеделнички продолжение на настанот од неделата, кога соседски кучиња, усмртеа домашна мачка а кучето домашен миленик е изгризано.
Велешанец во чиј дом беа смесени кучињата вчера пријавил дека со пушка му се заканувало лицето, сопсетвеник на мачето и кучето.
Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 23.06.2025 во 14 часот во СВР Велес, В.А.(83 год) од Велес пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Отовица, велешко, Ѓ.Б. му се заканил со ловечка пушка“ – информираа од СВЀР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
За настан, се јави и лицето Ѓ.Б. кое е пријавено дека со ловечка пушка, се заканило на лицето В.А. кое ги чувало трите кучиња.
„Во врска со поднесената пријава против мене за наводно „загрозување на живот“ од страна лицата кои се сопственици на трите кучиња од расата американски стафорд бултериер, категорично ги отфрлам сите наводи како неосновани, неточни и тенденциозни. Поднесената пријава за наводна „закана по живот“ е очигледно измислена и тенденциозна, со единствена цел да се изврши притисок и да се пренасочи одговорноста врз жртвите, т.е. нашето семејство. Пријавата не содржи факти, ниту докази, туку се базира на лични конструкции кои се во целосна спротивност со изјавите, сведоштвата и материјалните докази што ги поседуваме. Согласно со закон, давање лажна пријава претставува кривично дело“ - реагираше Ѓ.Б.