Идентификувано лицето кое го украло кабелот за железничкиот патен премин кај мостот Гемиџии

Петар Печков

Велешанец осомничен дека крадел сигурносен кабел на Македонски железници,кој ги поврзува безбедносните рампи. Лицето било откриено по увид во видео снимките на МЖ. Кражбата била во близина на патниот премин на мостот Гемиџии, во правец кон Стар мост

„На 08.06.2025 во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.О.(22 год) од Велес. Тој се сомничи дека на железнички патен премин на улица „Илинденска“ во Велес со употреба на подесен алат одзел бакарен кабел што служи за кревање и спуштање на рампата“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од МЖ разочарани од односот на граѓаните, кои иако биле сведоци на кражбата, не реагирале.

„На видео снимка се гледа како крадецот го сече кабелот а минувачите гледаат и заминуваат. Иако лицето  не е во никакво обележје на железница, никој не реагира, но затоа реагираа оти рампите не се спуштаат. Кабелот пак има мало количество на бакар, кој потоа го препродаваат, немаат печалба. 3атоа има огрмона штета и по железница и по сообраќајот во градот“ – велат надлежните.

Во текот на денот, понеделник, била извршена промена на кабелот. Ова е втор таков случај за десетина дена. Претходниот бил близу Крзнарата каде крадци исто така отсекле бакарен клабел, што влијаеше на работата на безбедносните рампи, кои неколку дена не функционираа додека не беше санирано ошетувањето.

СВР Велес  по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати