Петокот контрола, колку пешаците минуваат на пешачки премин

Петар Печков

Во петокот претпладне, евидентно беше дека полицијата од Велес, има акциска контрола, за тоа колку пешаците минуваат на одбележан пешачки премин. Акцијата можеше да се забележи дека е на улиците околу градскиот пазар. ТрМр праша до СВР Велес колку неправилности се констатирани. Или колку пешаци не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

„Во врска со Вашето прашање, Ве информираме дека на 30.05.2025 во периодот од 09.00 до 14.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес спроведоа акциска контрола на пешаци. При контролата, констатирани се вкупно 24 прекршоци преминување на улица, надвор од пешачки премини“ – соопштија од СВР Велес.

Во одговорот не е прецизирано  дали за сторителите се парично казнети, усно опоменати или повикани во полициска станица на едукација.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати