Закупецот на базенот „Луксор оптик“ вели објектот е во катастрофална состојба

Петар Печков

Скопската фирма „Луксор оптик“ новиот  закупец на градскиот  базен во Велес разочарана од состојбата во која го примила објектот.  Тие биле да ја видат состојбата со базенот, при што  констатирале повеќе недостатоци.

„Техничката машинската опрема под базенот каде што се пумпите за вода се половина извадени или украдени и се околу него е во катастрофално лоша состојба, во најголем дел искршено, рѓосано, украдено или неупотребливо, и нефункционално. Украдени и откорнати се и цели кабли за струја на и околу базенот. Пострашно е што од долниот дел на базенот протекува вода, на што се жалеле и жителите од куќите во соседството“ – кажал во изјава за МИА, Љупчо Василевски новиот закупец на базенот и сопственик на фирмата „Луксор оптик“.

Најавува дека ќе работат да го средат и да го пуштат во функција, за базенот да биде реновиран до крајот на јуни или почетокот на јули, да започне со работа.

„Од  увидот можеме да констатираме дека состојбата со Градскиот пливачки базен е катастрофална. Долниот дел под базенот каде што се пумпите за вода се пола извадени. На базенот не функционираат многу работи: извадени се дозерите за хлорирање на водата, базенот долу протекува и треба да се види каде протекува, и дали треба да се заварува со аргон. Но, најпрво треба да се испушти водата да се види каде понира вода во долниот дел, а потоа ако треба да се заварува со аргон што е многу скапо. Само еден сантиметар заварување со аргон чини 10 евра, а да замислиме дека треба да се заварува и неколку метра. Треба да се сменат и старите мотори и целиот моторен дел под базенот кој е во катастрофално лоша состојба“ вели за МИА  Василевски.

Целосно треба да се реновираат тоалетите и соблекувалните и останатите придружни објекти кои скоро целосно биле уништени.  Според првичната проценка на Василевски, потребни биле стотина илјади евра градскиот  базен да се стави во функција во претстојната летна сезона.

За потсетување ТрМр објави дека на електронското надавање како единстен учесник закупец станал „Луксор оптика“ од Скопје  за 81.634 денари месечно, за три месеци, јули, август и септември, за останатите девет месеци надоместокот е по 3.000 денари месечно. Почетната цена беше   116.620 денари без ДДВ.

Во ситуација кога езерото Младост е забрането за капење, реката Вардар низ Велес вон категорија од загаденост, а лани летото и Тополка и Бабуна беа загадени, останува како можност за летна рекрациај базенот или некои од базените во хотелите во околината на градот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати