Петар Печков
Објавено: недела, 25 мај 2025
Околу 200 учесници трчаа за Кочани, во Градскиот парк во Велес. Ниту дождливото есенско време во пролет не ги поколеба учесниците да ја изразат поддршката за,настраданите од пожарот во т.н. дискотека Пулс.
Трката ја организираше Европската куќа од Велес. Се тршаче 5 км. низ Градскиот парк во Велес. Вакви трки имаше уште во шест македонски града - Крива Паланка, Струмица, Битола, Струга, Тетово и Скопје каде ЕУ има свои куќи.
Кај машките победи Петар Даев со време од 18:06 пред Јованче Јанев и Дарко Личовски, додека кај девојките победи Марија Коцева, пред Ања Трајковска и Благица Орешкова.
Највозрасен учесник беше Томе Јаневски со 64 год. Трчаа и деца кои на тој начин дадоа поддрчка за настраданите од пожарот. Трчаше и градоначалникот Колев.
Имаше и семејни учества родители со деца, што ја подигна заедничката свест дека кочанчани не се заборавени.