180 ранци за учениците од руралните училишта

Петар Печков

Волонтерите на Општинската организцаија на Црвен крст на Велес подели 180 ранци за децата од руралните средини. Донацијата е од велешанка, која сакала да остане анонимна.  Ранциете се доделени пред завршувањето на оваа учебна година, и ќе бидат добредојдена за наредната.   

„Донирани од една хумана сограѓанка, велешанка со големо срце, ранците беа наменети за учениците во неколку рурални училишта, каде секоја поддршка е добредојдена. Радоста кај децата и благодарноста што ја почувствувавме од наставниците и родителите уште еднаш потврдија колку е важна ваквата поддршка“ – соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

Посетени биле основното училиште „Лирија“ во  Бузалково, подрачното училиште „Петар Поп Арсов“ во  Извор и основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка.

Поврзани »

Вардар надоаѓа во Велес

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати