Ќе се најде ли дом за семејството кај Бирото за вработување

Петар Печков

Живеалиштето на семејствoто близу Агенцијата за вработување, на свиокот кон Автобуска е меата на реакциите на велешани. На последната седница, ова прашање беше отворено.

Истото е субстандардно нехумано а во куќата живеат 20-тина членови.  Но и грда слика за сите кои минуваат во овој дел на градот, но и патниците кои влегуваат или заминуваат од Велес од Автобуска.

„Ова прашање не е во надлежност на локалната власт. Во мојот безмалку четири годишен мандат, за ова су разговарал и со претходниот министер и со сегашниот министер, со рептходната и сегашната ракoводителка на Центарот за социјална работа. Нема поместување на работите. Има некоја најава дека имало куќа, живеалиште во Градско,  куќа во државна сопственост, каде ова семејство би продолжило да живее. Засега останува само како разговор, нема конкретно“ – рече Марко Колев, градоначлник на Велес.

И семејството кое живее во скоро разрушената куќа, чека ново живеалиште.

„И ние сакаме дом. Ни ветуваат долго време. Велат во некое село во близина на Градско, но досега ништо од ова“- вели жена кој кажа дека е во одмината бременст, го  чека 14-тото бебе, а нејзината снаа го чека првото дете. Сите тие живеат во 30 метри квадратни 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати