Велешанец исчезнал во надојдена вода во село Белештевица, при помош на екипа на ЕВН

Петар Печков

Четвртокот на пладне, во село Белештевица се случила несреќа, откако жител бил однесен од надојдената вода.  По лицето С.Н. се трага. МВР информираше за настанот во денешниот билтен.
 
На 6-ти август во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Д.(51 год) од Велес, со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Д. и возилото на ЕВН биле однесени кон река Вардар- информираше МВР.

Во потрагата на исчезнатиот биле вклучени полиција  и пожарникари. Семејството ангажирало кајакари и нуркачи за да се пребара водотекот. Тие апелираат  лица кои се стручни да се вклучат и помогнат. 

фото википедија

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати